Двајца починати пациенти од ковид 19 во велешка болница
Објавено на 27 март, 2021 во 14:13
27.03.2021 година
Тие се од Велес. Првиот на на 78 годишна возраст лекуван три дена и вториот на 82 годишна возраст лекуван 12 дена на Инфективно одделение.
Денеска вкупно хоспитализирани се 74 пациенти од кои 64 се потврдено позитивни, девет сомнителни и еден пациент со негативен брис, но задржан на болничко лекување.
Од нив на Инфективно се лекуваат 52, во Модуларна болница 14 и на Интерно одделение осум пациенти.
На кислородна поддршка се 30 пациенти, соопштја од болнцата.
Убавка Јаневска