Двајца велешани не го почитувале полицискиот час и 19 не носеле маска

Објавено на 29 март, 2021 во 10:18

eshtrthtr 234695

29.03.2021

Во изминатото деноноќие полицискиот час не го почитувале двајца велешани, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

-За непочитување на забраната за движење за време на полициски час, евидентирани се три лица и тоа две во Велес и едно лице во Неготино, соопшти Верољуб Додевски.

Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки

Во текот на истиот ден, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 34 лица. Во Велес казнети се 19 лица, во Кавадарци 11 и шест во Неготино.

Се апелира до сите граѓани да ги почитуваат воведените мерки со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.