Почината жена од корона вирус во велешката болница и маж транспортиран во „Жан Митрев“
Објавено на 7 април, 2021 во 11:43
07.04.2021
Жената е на 52 годишна возраст, од село Раштани, позитивна и лекувана еден ден на Интерно одделение.
Во текот на денот, маж на 58 годишна возраст е транспортиран во Скопје, во Приватна болница „Жан Митрев“.
Во моментов во Општа болница Велес, хоспитализирани се 98 ковид пациенти. Од нив 89 се потврдени позитивни, пет сомнителни и четири пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 48 пациенти.
На Инфективно одделение се лекуваат 51 пациент, на Интерно одделение шест и во Модуларната болница 41 ковид пациент.
Денеска испишан, како оздравен, е еден пациент со еден негативен тест.
Стефани Манева
