Во изминатото деноноќие велешани го почитувале полицискиот час и 16 не носеле маска
Објавено на 8 април, 2021 во 08:51
08.04.2021
Велешани го почитуваат воведениот полициски час кој трае од 20:00 до 05:00 часот. За непочитување на забраната за движење за време евидентирани се само две лица во Неготино.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
За Уредбата за носење на лична заштита на лице евидентирани се 23 лица. Од нив 16 во Велес, четири во Кавадарци и три во Неготино.
Се апелира до сите граѓани да ги почитуваат воведените мерки од страна на Министерство за здравство, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.
Стефани Манева