Рекордно напишани казни за не носење на заштитна маска од страна на полициските службеници
Објавено на 11 април, 2021 во 11:26
11.04.2021
Рекордни 114 граѓани, во Велес, Кавадарци и Неготино, биле затекнати од полициските службеници додека не носеле заштитна маска на почетокот на викендот.
Од нив 91 во Велес, пет во Кавадарци и 18 во Неготино, информира Секторот за внатрешни работи како информација за временски период од 24 часа вчера, сабота 10 до утринава, недела 11 април.
Според статистиката на овј Сектор на МВР во претходното деноноќие петок 9 кон сабота 10 април евидентирани се 23 лица, и тоа осум во Велес, осум во Кавадарци и седум во Неготино.
-Против лицата ќе следуваат соодветни мерки, пишува во информацијата на СВР Велес.
Убавка Јаневска
