И додека играа и кога плачеа „Македонските бисери“ од Австралија веруваа дека носталгијата ќе ја залечат со повторен настап пред велешката публика

Објавено: 7 јули, 2026, во 13:29 часот

Излегоа на сцената играорците на МКУД „Македонски бисери“ од Австралија со цел маестрално да ја изведат кореографијата „Радовишки собор“ пред преполниот Амфитеатар на Младински парк во Велес и во изведбата го внесоа своето тело но и душа. На настапот, дел од свеченото отворање на ИФФ „Велес 2026“, можеби некој и забележа дека често ги бришеа своите чела од потта младите фолклористи, деца на македонски исселеници воградот Влонго во далечната Австралија, но дел од нив исто така бришеа и солзи.

Плачеше и нивната повеќе бројна придружба од културно уметничкото друштво во публиката и особено не се воздржа на најдинамичниот дел од кореографијата чиј седум осмински такт не остави никого рамнодушен па ескалираше со овации и високо  подигнто знаме на Австралија, земјата во која сега живеат.

Токму се ова беше повод да го запрашаме кореографот Горан Трпчевски на МКУД „Македонски бисери“ од градот Влонго како на далечина од илјадници километри од родната грутка се негува македонскиот фолклор и традиција, каква е заинтересираноста на децата на нашите исселеници кои токму тоа што се играорци можеби им овозможи прв пат да дојдат во родната земја на своите баби и дедовци, какви впечатоци ќе понесат од Велес во Австралија?

Емоции преку солзи радосници течеа и од очите на Биљана Маневска која е секретар на МКУД „Македонски бисери“ од градот Влонго. Маневска ни појасни дека овој австралиски град од Сиднеј оддалечен е 100-тина километри додека таа втор пат е на велешкиот Интернационален фолклорен фестивал и повторно како во 2016 година не успеала да ги скрие чувствата кои се појавуваат штом се стапне на македонската земја и се слушне македонскиот јазик на било кои дијалект, во било кој дел од државата, кон која влечат корени, долги илјадници километри. Маневска е особено благодарна на помошта што ја добивале од Агенцијата на исселеници на Македонија бидејќи нивната покана да дојдат и да бидат дел од фестивали низ градовите во, како што рече земјата на која и припаѓаат, ги поттикнувала да работат на мотивирање на што поголем број на македонски деца во Австралија да бидат дел од кореографската фолклорна приказна како и да откриваат музички таленти.

И ако не беа препрека добро изговорените зборови на течен Македонски јазик, што и претставуваа личен проблем на Лидија  Митрески која што е претседателка на МКУД „Македонски бисери“, тогаш ќе можевме да пренесеме уште поголем број на информации поврзани со настапите на играорците што таа ги предводи на оваа последна турнеја во земјата која кај сите од нив буди носталгични чувства и копнежи. Митрески само ги наброја фестивалите и телевизиските настапи кои се дел од годинешната рута на македонската турнеја иако остана недоволно искажана во делот на гостопримството и честа што им ја покажуваат македонските домаќини.

И како што на крај рекоа, овие први луѓе на МКУД „Македонски бисери“ од Австралија, „нема да се збогуваме туку на велешани, охриѓани, крушевчани, скопјани и на целиот Македонски народ ќе му кажеме само довидување до наредната средба која што посакуваме да биде наредното лето“. Тие особено посакаа пак да бидат дел од наредна програма на ИФФ„Велес“ поради пријателството што ги врзува со Организацискиот одбор на ИФФ „Велес“ и со велешката публика која ќе ја сочуваат како посебно вредна во своите спомени и сеќавања.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.