Нова судијка ќе го продолжи судењето за платеното убиство во Ореше!
Објавено на 22 ноември, 2013 во 12:51
Тања Милевска е новата судијка која што ќе го води предметот за платеното убиство во велешкото село Ореше.
Оваа информацијата за Дума.мк ја потвдува претседателот на Основен Суд Велес, Јордан Лазаров, кој вели дека утрово пристигна предметот кој го врати скопска апелација на повторно судење.
Што точно пишува во забелешката на апелација сеуште не откриваат, бидејќи судијката се нема запознато со предметот. Не се знае ниту кога ќе започне повторниот процес против Ѓоре Петревски како нарачател и браќата Ордан и Љупчо Ѓорѓиеви како извршители на убиството на 72 годишен Лазо Милошевски.
Инаку овој предмет е контроверзен од самиот почеток. Осудени се судии обинители, адвокати, новинар./ Б.Н