Уште четири сертификати очекува лабораторијата на Центарот за јавно здравје
Во лабораторијата на Центарот за јавно здравје во Велес се прават и анализи на тешки метали во отпадни води, афлатоксин, охратоксин и мувла во прехрамбените производи.
Експерти од Институтот за акредитација на Република Македонија го проверуваат квалитетот на резултатите и врз основа на контролите лабораторијата ќе добие сертификат признат од државата и во светот. До сега велешкиот центар работи со 20 сертифицирани методи. Чека одобрение за уште четири.
Кога станува збор за квалитетот на животот на граѓаните овој регионален центар работи на заштитата на популацијата од заразни и од незаразни болести.
За потребите на населението, особено младите, отворено е советувалиште за едукација и заштита од сида во кои освен совети добиваат и бесплатни тестирања на оваа заразна болест.
Во центарот специјализирани тимови работат и на рано откривање на карцином на дебело црево, едукација на младите за репродуктивното здравје и сексуално преносливи болести и слично./Б.Н