Со дневен центар, основното Јордан ХК Џинот, се обидува да задржи што повеќе ученици
За да ги задржи учениците, основното училиште Јордан Хаџи Константинов Џинот, по примерот на Блаже Конески, отвори дневен центар за престој и медиотека. Одговорните сметаат дека ова е уште еден начин да го спречат контуниураното одлевање на учениците.
Во дневниот центар можат да бидат згрижени учениците од прво, второ и трето одделение. Ќе добиваат појадок, ручек и ужина од посебното училиште Маца Овчарова и за нив ќе се грижи еден вработен. Медиотеката пак можат да ја посетуваат сите ученици, а мини компјутерите можат да ги користат за своите наставни предмети.
-Апелирам до сите родители, оние што можат се разбира, да им дозволат на децата да го посетуваат центарот, бидејќи тука комплетно ќе бидат згрижени, а центарот ветувам ќе фунционира беспрекорно, рече Фиданка Иванова, директор на ОО Ј.Х.К.Џинот.
Засега во центарот три оброци добиваат само двајца ученици, а осум се само со појадок. Надлежните се надеваат дека наредната учебна година многу повеќе ученици ќе се запишат во училиштето и ќе има поголем број на заинтересирани за престој.
-Моравме да направиме нешто затое што од година во година имаме се помал број на ученици. Се отворање на дневен центар за престој, се обидуваме да ги задржиме децата, да не ни се одлеваат и да одат во другите учлишта, барем не оние кои се од овој реон, рече Иванова.
Во изминатите дваесет години единствено основното училиште Блаже Конески имаше дневен центар за престој. Токму затоа тоа и денеска е најбројното училиште во градот. Сега неговиот пример постепено го следат и останатите основни училишта, гледајќи шанса да ги задржат веќе запишаните но и можност да привлечат нови ученици./Д.С.