Несреќата го прекина железничкиот сообраќај од Гевгелија и Битола за Скопје
Утре рано изутрина нема да возат возовите од Гевглија и од Битола кон Скопје, поради железничката несреќа што вечерва се случи на станицата „Рајко Жинзифов“ крај Велес. Во текот на денот ќе ја оспособиме пругата и ќе го нормализираме сообраќајот, најавуваат од МЖ-инфраструктура.
Овде на самиот излез од станицата, четири вагони и локомотива се излезени од шината на железничката линија. Според изјави на патници, двајца мажи се повредени во несреќата и се претпоставува дека се машиновозачот и кондуктерот на патничкиот воз, кои се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.
Првичните и сеуште непотврдени информации се дека несреќата се случила во моментот кога двата воза, патничкиот и товарниот, кои возеле на различни пруги но во ист правец кон Велес, се удриле и тоа патничкиот воз од бочна страна го удрил товарниот.
Како што дознава Дума.мк, најверојатно несрќата ја предизвикал човек, бидејќи сообраќајната сигнализација функционирала без проблеми. Само што заврши увидот на мешовитата комисија составена од претставници на двете железнички претпријатија, инфраструктура и транспорт, заедно со јавниот обвинител и увидна екипа на велешката полиција.
Првите луѓе на железничките претпријатија најавија дека утре ќе излегле со соопштение и првични информации за причините за несреќата./Б.Н