Велес има освоено 106 ученички награди ланска учебна година, на државни и меѓународни натпревари,градоначалникот Колев ги награди и 58 наставници ментори

Објавено на 13 ноември, 2024 во 16:38

Сто и шест ученици од основните и средни училишта во Велес заедно со 58 ментори – наставници, денеска од страна на градоначалникот Марко Колев беа наградени со признанија. Сите тие општинската награда ја добија по повод 9 Ноември, денот на ослободувањето на Велес од фашистичкиот окупатор, за своите освоени први, втори и трети места на државни и меѓународни натпревари во учебната 2023/24 година.

„Општината одлучи да ги награди овие ученици за да ги мотивира и охрабри да продолжат по истиот пат, по патот на успехот. Им честитам на сите наградени ученици и секако на нивните ментори за вложениот труд и за постигнатите резултати“, истакна Колев.

Ова се најдобрите ученици во Велес а иницијативата да се наградат учениците кои постигнале успеси и надвор од воспитно – образовниот процес како и воншколските активности е на градоначалникот на Општина Велес. Признанијата треба да прераснат во  традиционални и да бидат поттик за учење, за творење и за постигнување резултати.

Годинешните признанија се посветени и на јубилејниот 80 роденден поточно одбележувањето на осмата деценија од слободен Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.