Велес подготвен за голем музички спектакл, Саша Матич со концерт на 18 октомври и гостин Никола Станишиќ
Објавено: 8 септември, 2025, во 12:40 часот
Спортската сала „Гемиџии“ во Велес ќе биде местото каде што ќе се одржи еден од најголемите музички настани во градот поточно концертот на Саша Матич, информираат организаторите од компанијата „Евентрис“, која за кусо време се наметна како сериозен организатор на значајни културни и забавни проекти. Гостин на Матич ќе му биде годинешниот победник на „Ѕвезде Гранда“, македонскиот пејач Никола Станишиќ. Токму тој ќе го отвори концертот во Велес.
„Велес е град со публика која знае да ужива во вистинска музика. За нас е огромна чест што ќе го донесеме Саша Матич и што ќе им овозможиме на нашите сограѓани едно врвно концертно доживување. Ова не е првпат компанијата да стои зад голем настан. Минатата година тие го реализираа фестивалот „Лума“ на Спомен Костурница, во соработка со Кафе Бар Марки ,проект кој покажа дека Велес има потенцијал за вакви настани и дека публиката сака нови содржини. „Лума“ беше нашата прва голема проверка и публиката ни даде силен поттик. Од тогаш одиме чекор по чекор кон сè поголеми проекти,“ рекоа од компанијата додаваат организаторите.
Со концертот на Саша Матич, „Евентрис“ најавува и богата програма во иднина.
„Планираме повеќе настани од различен карактер – не само музички, туку и културни и забавни. Нашата мисија е Велес да стане препознатлив центар на позитивни случувања,“ рекоа од „Евентрис“.
Продажбата на билети за концертот можат да се набават преку мрежата на КупиКарта, за Велес во „УНИСОН“ или онлајн на следниот линк https://www.kupikarta.com/tickets.nspx?eventid=5671.
Организаторите од „Евентрис“ ги покануваат сите љубители на музиката во Велес и пошироко да бидат дел од оваа концерна вечер и порачуваат „Очекувајте атмосвера која долго ќе се памети“.
ПР текст


