Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

GUP fin

Стратешкиот документ за развој на градот ќе ги содржи трите многу значајни Детални урбанистички планови (ДУП), кои се во завршна фаза. Потоа ќе следи фазата ,во која доколку нема големи забелешки, Општина Велес ќе може да добие позитивно мислење од Министерство за транспорт и врски за потоа да се најдат на седница на Советот на Општина Велес.

-Првиот Детален урбанистички план се однесува на просторот околу градскиот пазар и со него се предвидува изградба на катна гаража на местото на сегашниот паркинг (во близина на бифе скара „Хајдук”), со капацитет од околу 300 паркинг места. Додека пак на местото на старата зграда на театарот е предвидена изградба на колективно станбен деловен објект на девет ката и на две нивоа, паркинг простор како и два ката за деловен простор. Пет ката се наменети за објекти за живеење, рече Коцевски

Градоначалникот го образложи и вториот Детален урбанистички план кој се однесува на градскиот парк со предвидено ново, современо сообраќајно решение кое ќе овозможи кружно движење околу стадионот, додека просторот под сегашните трибини ќе може да се намени за деловни простории. Предвидена е и локација за изградба на мал, покриен базен во рамки на парцелата на постоечкиот градски, пливачки, отворен базен, кој ќе биде финансиран од страна на Агенцијата за млади и спорт, како и изградба две катни гаражи на долната страна под сообраќајницата кај градскиот базен.

Kocevskid fin

-Со Третиот детален урбанистички план, кој се однесува на просторот околу младиснкиот парк, Велес ќе добие ново сообраќајно решение со изградба на голем турбо кружен тек на местото на семафорите со радиус од 30 метри. Семафорите ќе бидат дислоцирани на друга соодветна локација. На местото на постоечката бензиска пумпа на „Мак-петрол”, овој план предвидува изградба на нова. „Мак-петрол” учествува во финансирањето на овој ДУП. Со овој ДУП се предвидува изградба и на нова зграда за градската библиотека, на местото на бараките на КУД „Керамичар”, на три нивоа, со голема површина за паркирање под објектот, додаде Коцевски.

За ГУП-от беше распишан конкурс за добивање најдобро идејно решение за централното градско подрачје, на просторот од јаворот на плоштад С’рмаале до Стоковната куќа и како посебна целина делот од НЛБ банка до јавните градски тоалети. Градоначалникот соопшти дека се пристигнати две идејни решенија, но стручната комисијата донела одлука да не прифати ниту едно и да се распише нов конкурс.

Коцевски ги охрабри и поттикна сите заинтересирани да ги поднесат своите квалитетни решенија, при што соопшти дека комисијата одлучила да ја зголеми вредноста на првонаграденото решение и да додели 180.000 денари./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново