Велешанец лишен од слобода за дрога на езеро „Младост“

Објавено на 22 февруари, 2025 во 12:56

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера вечер, во 21:10 часот на езеро „Младост“ крај Велес го лишиле од слобода В.В.(29) од Велес.

-При контрола на патничко возило, во кое бил сопатник, кај него била пронајдена зелена растителна материја и дробилка. В.В. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.