Велешанец пронајден починат, телото испратено на обдукција
Објавено на 9 август, 2022 во 13:55
Седумдесет и две годишниот Т.М од Велес во текот на вчерашниот ден бил пронајден мртов во семејната куќа. Телото на починатиот маж го пронашла неговата шеесет и седум годишена сестра М.С, којашто во 18:40 часот случајот го пријавил во Сектор за внатрешни работи Велес.
-Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош и увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Велес, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Оттаму информираат дека по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот велешанец ќе биде испаратено во Институтот за Судска медицина – Скопје за вршење на медицинска обдукција.
Стефани Манева