Велешанец украл метал од поранешна „Топилница“ – полицијата го фатила на дело

Објавено на 10 февруари, 2023 во 10:13

30-годишен велешанец со иницијали А.С. си крадел метал од поранешна Топилница, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој одзел повеќе предмети, ама пак ги вратил оти го фатила полицијата.

„На 8 февруари  во 15.45 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.С.(30 год) од Велес. Тој се сомничи дека од деловен објект на ул.„Партизански одреди“ во Велес одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот“, стои во соопштението на МВР.

А.С. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.