Велешанец загина во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани

Објавено на 30 мај, 2023 во 13:23
Фото: Преземена од МИА

Шеесет и две годишниот З.Ѓ од Велес, вчера, на пладне загинал во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани.  Тој управувајќи товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки се судрил со товарно возило „ман“ со беровски регистарски ознаки управувано од четириесет и едно годишниот Г.Л од село Будинарци, беровско.

Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека на местото на несреќата починал велешанецот, додела Г.Л се здобил со тешки телесни повреди и неговиот сопатник, 24 годишниот беровчанец  Д.Ц со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Несреќата била пријавена во СВР Штип во 12:50 часот и бил извршен увид од увидна екипа на СВР Штип.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.