Велешанец заврши во полиција, се закани: Ќе ја запалам семејната куќа
Објавено на 13 февруари, 2023 во 14:07

Триесет и едно годишниот А.А од Велес по кратка расправија со остар предмет се заканил на неговите родители и дополнително со бензин се заканувал дека ќе ја запали семејната куќа, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес го лишеле од слобода на 12 февруари, годинава и бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева
