Велешани и покрај лошите временски услови трчаа за Рацин (фото)

Повеќе од 500 тркачи од Македонија и Србија, вчера, трчаа низ улиците на Велес во чест на великанот и поет Коста Солев Рацин. И покрај дождот, тие не се откажаа и трчаа на 5 и 10 км на ноќната атлетска трка. Годинава и детската трка броеше повеќе учесници од лани, поточно 120 дечиња, кои според организаторите уживале да трчаат на дождот и за миг се почуствувале како вистински тркачи и шампиони кои пристигнале до целта.

Претседателот на „Ак Борец“ Трајче Илијевски рече дека е особено горд на сите учесници но и на велешани коишто во голем број излегоа да ја проследат трката и да ги бодрат учесниците.



-За најдобрите во машка и женска конкуренција на 5км и 10км обезбедивме и вредни парични награди за освоено прво, второ и трето место. Посебно мораме да истакнеме, на што сме особено горди, со неговото присуство не удостои, Македонскиот шампони и рекордер на средни и долги патеки а тоа е господинот Дарио Ивановски, кој патеката на 10км ја заврши првопласиран со време од 31:46 сек. Второ и трето пласиран на 10 км мажи, завршија, Жан Тосев и Muxhahid Mislim. Во категорија жени на 10км, како првопласирана заврши Биљана Кираџиева од клубот Kiradjiev Training Systems со време од 40:07сек. Второт место го освои Марија Пеликон и третото место Фросина Михајловска. На трката од 5км категорија мажи прво пласиран заврши Григоријан Никовски, од клубот „АК Делта“ со време 17:26. А второ и трето пласиран завршија, Христијан Танески и Стојан Јовчески. На трката од 5км жени првото место го завзема, Теа Божиновска со време 20:13, а второ и трето пласирани завршија, Анстасија Ристова и Ана Атанасова, додаде Илијевски.



Ноќната атлетска трка „Трчаме за Рацин“ е во органзиција на „Ак Борец“ во соработка со Општина Велес.
Стефани Манева
Фото – Општина Велес:




