Велешани ја уништуваат урбаната опрема, за неколку дена скршено седечкото мало фудбалче во Младински парк

Објавено на 5 јули, 2022 во 10:07
Фото: фејсбук профил на ЈКП „Дервен“

Седечкото мало фудбалче во Младински парк, поставено пред четири дена, целосно е искршено од страна на несовесни граѓани. Новата забавна содржина за најмладите којашто имаше за цел да биде катче за безброј убави моменти поминати во дружење и забава, денеска, стои скршена и не употреблива.

Фото: фејсбук профил на ЈКП „Дервен“

Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, преку својот фејсбук профил ги охрабри граѓаните коишто ќе забележат вандалско однесување истото да го пријават во општината или до надлежните институции.

– Најостро го осудувам ваквото однесување и уништување на урбаната опрема и апелирам на разум и одговорност кон околината, зашто само така може да придонесеме за создавање на нови катчиња во градот, пишува во соопштението на Колев.

Исто така, за неполна седмица, вандализам е извршен на повеќе локации. Покрај малото седечко фудбалче, оштетени и скршени биле голем број корпи за отпадоци во центарот на градот.

Фото: фејсбук профил на ЈКП „Дервен“
Фото: фејсбук профил на ЈКП „Дервен“

Од Јавното комунално претпријатие „Дервен“ известуваат дека уништени се и пет летниковци поставени на Езеро Младост и украдени се неколку прскачи за наводнување.

Фото: фејсбук профил на ЈКП „Дервен“
Фото: фејсбук профил на ЈКП „Дервен“

Се апелира до сите велешани, да ја чуваат урбаната опрема бидејќи истата се поставува во нивна корист и доколку забележат вандалско однесување истото веднаш да го пријават во Општина Велес или надлежните институции.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.