Велешанка со малолетен син на полицијата и предала пакетчиња со дрога, се трага по исчезнат Велешанец и приведен агресивен возач
Во Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, дошла 48-годишна велешанка заедно со својот малолетен син и предала две пакувања со марихуана како и бела грутчеста материја кои ги пронашла кај своето дете. Полицијата информира за превземање на мерки за расчистување на случајот.
Вчера вечер, во 19:00 часот во Полициската станица Велес велешанката А.К.(43) го пријавила исчезнувањето на својот татко П.Ж.(74) од Велес. Тој излегол и не се вратил дома. „Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето,“ соопштија од СВР Велес.
Според полицискиот билтен, исто така, на 24 ноември, во 00.50 часот од полициски службеници на ОВР -Кавадарци бил приведен С.Р.(22) од село Бојанчиште, кавадаречко. Тој бил приведен затоашто агресивно се однесувал кон полициски службеници, при вршење на служба од областа на безбедноста во сообраќајот, кога го сопреле патничко возило „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки што го управувал С.Р. Според Сектор за внатрешни работи Велес, со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Убавка Јаневска