Велешката полиција со превентивна вежба во ООУ „Блаже Конески“ (фото)

Објавено на 8 октомври, 2024 во 12:12

Отсекот за превенција заедно со Одделението за полиција при Сектор за внатрешни работи Велес во соработка со Црвен крст Велес, Територијалната противпожарна единица Велес и Итната медицинска помош на Здравствен дом Велес во ООУ „Блаже Конески“ реализираа показна симулациона вежба за евакуација од училиште, по претходно изготвено сценарио за пожар во објектот.

-На вежбата беа презентирани мерките за заштита и спасување и начинот на постапување на службите на терен при евентуално настанат пожар во училиште, информираше Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.

Вежбата се одржа минатата недела и предизвика големо внимание од страна на учениците и наставниците во општинското основно училиште.

Убавка Јаневска

Фото галерија (превземено од МВР)

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.