Велешки Црвен Крст пет пати во изминати пет години меѓу најдобрите на планот на крводарување
Општинската Организација на Црвен Крст Велес, годинава, го одбележува со остварени вкупно 1667 крводарувања. Тие иако се за 36 помалку од минатата година се должат на две планирани но не реализирани крводарителски акции поради голема залиха на крв од сите крвни групи во државата.
„Остварениот број на крводарувања, до крај на месец мај,годинава, ни даваат за право да бидеме горди на хуманоста на граѓаните на општина Велес и на соседните општини Чашка, Градско и Лозово. Поради добрите количини на крв кој што се чуваат како расположлива залиха во Заводот за трансфузиологија во Скопје одлучивме да ги одложиме двете планирани акции за крводарување за да не се доведе состојбата до потреба од неискористување на веќе дарувана крв. Знаеме колку е скапоцена како течност и неа треба да ја користиме единствено да спасиме што поголем број на човечки животи. Веќе наредниот месец имаме планирана крводарителска акција, рече Орце Николов.
Тој им го честита 14 јуни, светскиот ден на крводарителството на сите крводарители.
Велешки Црвен Крст е една од најдобрите општински организации во македонија на планот на крводарување. Во последните пет години, организацијата, два пари беше најдобра, еднаш го освои второто место и два пати беше рангирана на трето место.
Убавка Јаневска