(видео) Анамариа Цинеге Панзова е добитничка на „Почесно Рациново признание“, Фросина Прамаковска на наградата „Рациново признание“ за 2024 година
Анамариа Цинеге Панзова е литературен преведувач на унгарски и македонски јазик е добитничка на годинешното „Почестено Рациново признание“. Во 2002 година дипломирала на факултетот „Елте“ во Будимпешта со што се здобила со звање професор по унгарски јазик, а во 2003 година на истиот факултет се стекнала со звање филолог по полски јазик. Цинеге Панзова има работно искуство како лектор по унгарски јазик на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Исто така, таа е докторат на докторанската школа за книжевност при универзитето „Елте“ во Будимпешта.
-Активно преведува по повеќе јазици меѓу кои и од македонскиот од 2004 година. Има објавено 10-тина преводи од унгарски на македонски јазик и има многу опширна биографија којашто пред публиката ќе биде образложена при примањето на наградата за посебен придонес во афирмацијата на македонскиот јазик, култура и книжевство надвор од границите на нашата држава, додаде Ненад Витанов од организациониот одбор на 61 Рацинови средби.
Жири комисијата во состав на Снежана Петрова Џамбазова претседател на комисијата, Маја Апостоловска и Јасминка Делова Сељанова членови, одлучија годинешната награда „Рациново признание за 2024 година“ да ја добие Фросина Пармаковска за романот „Се уште можам нешто да сторам“ во издание на издавачката куќа „Или-или“.
„Рациновото признание“ на Пармаковска ќе и биде доделено на свеченото отворање на „61 Рацинови средби“ на 19 јуни што ќе се одржи во Спомен Костурница. Додека наградата на Анамариа Цинеге Панзова ќе и биде доделена следниот ден, на 20 јуни, на затворањето на „Рацинови средби“ во Младински парк со почеток во 20:00 часот.
Стефани Манева