(Видео и фото) Бетиќи: „За новата социјална зграда во Велес наскоро министерството за транспорт и врски ќе го распише огласот за распределба на становите“

По обиколката на новата социјална зграда во Велес, вице премиерот за економски прашања Фатмир Бетиќи информираше дека петкатниот објект набрзо треба да ги добие своите станари. Станарско право ќе остварат 29 најранливи граѓани и граѓанки, лица без родители и лица со посебни потреби како и оние со ниски плати кои живеат на територијата на Општина Велес.
„Им градиме реална можност да добијат нов дом. Дом за себе за своите деца за своите најмили. По обиколката се радувам што зградата ја гледам веќе во финална фаза. Министерството за транспорт и врски набргу ќе објави повик за оние кои што се од овие ранливи категории на граѓани за да користат социјалните станови. Од 2019 година до денес во изградба или финална фаза се 864 социјални станови. Со ова, владата, покажува солидарност за исто толку загрозени граѓани и граѓанки насекаде низ државата да дојдат до свој дом. Никој не треба да биде изоставен со скратено правото на дом. Имаме изградено цврста мрежа од социјални станови низ целата држава во Струмица, во Пробиштип, во Виница, во Свети Николе, во Гостивар, во Битола, во Велес, рече Битиќи.

Според Бетиќи, досега поделени биле становите во Демир Капија и во Гевгелија додека во финална фаза била распределбата во Неготино. Во Македонија во финална фаза била и изградбата на социјалните згради во Кочани, во Сарај и во Дебар.

„Владата преку изградба на социјални станови нуди решение за несигурноста во домувањето. Стабилно живеалиште за сите граѓани кои се наоѓаат во економски и социјални потешкотии. Со реализацијата на проекти од овој вид на инфраструктурни проекти градиме инклузивно општество во кое секое лице во економски и социјални предизвици ќе може да продолжи да го негува својот живот во својата татковина,“ додаде Битиќи.
Новата социјална зграда во Велес се наоѓа веднаш позади дворот на велешката касарна и пред поранешната фабрика за тули и ферт гредички „Киро Ќучук“. Становите во кои денеска влегоа Бетиќи и Шукова беа еднособни.
Убавка Јаневска
