(Видео и фото) Од обрач на пламен извлечено семејство во светиниколско, пожари се шират кон општина Куманово
“Седумтте лица кои беа заглавени во куќа во село Строиманци, Свети Николе безбедно се евакуирани откако најпрво полициски халикоптер фрлил вода врз огнениот обрач, направил дупка во огнот низ која брзо влегле пожарникари од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе и со возила низ огнениот обрач ги извлекле животно загрозените во оган заробени седум лица,“ соопшти директорот Стојанче Ангелов на Центар за управување со кризи.
Ангелов упати голема благодарност до храбрите доброволни пожарникари и храбрите македонски пилоти.
Според попладневната видео изјава на директорот на ЦУК на територијата на државата активни се 15 а се појавуваат и нови пожари за што активиран бил ЕУ механизмот што значи дека е побарана помош од други држави за гаснење на пожарите во Македонија од воздух .
Убавка Јаневска