(видео и фото) Во Велес се едуцираат идни Модни дизајнери
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/10/Untitled-design-1.png)
Дванаесет средношколци, најголем дел од нив од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, учествуваа денеска на првата обука за Моден дизајн којашто е дел од проектот „Клуч за сопствен бизнис“ на Фондација „Фокус“. Тие се само половина од селектираните вкупно 24 учесници во оваа програма на проектот којшто нуди обука и практична работа, поточно стекнување на знаења и нивна примена преку изработка на дизајн се до финален производ поточно модна креација. Обуката ја отвори Убавка Јаневска проектен координатор, а учесниците детално со проектните активности ги запозна Маја Чадиева Џенсен проектен асистент.
Обучувачката м-р Соња Пљакова денеска посвети особено внимание при едукацијата на развојот на модата низ вековите се до современите модни трендови притоа едуцирајќи ги учениците за стил и кодекс на облекување. Дванаесетмината средношколци беа активни и освен поставените прашања споделија бројни искуства поврзани со модата и модниот дизајн што остави впечаток дека имаат почетни познавања без разлика на тоа што се девојчиња или момчиња.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/10/Untitled-design.png)
Идните модни дизејнери во овој проект покрај едукација ќе имаат можност да ги изразат своите креативни способности преку подготовка на модни креации во наредни седум едукативни работилници. Потоа, тие ќе подготват 10 модели што ќе бидат промовирани на крајот од проектот на модна ревија и тивка аукција. Тоа ќе значи дека моделите со потпис на овие средношколци ќе можат да ги носат велешани и велешанки кои ќе сакаат да ги купат.
Инаку, обуките ќе се одржуваат во Europe House во Велес. Проектот „Клуч за сопствен бизнис“ на Фондација „Фокус“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2-ReLOaD 2, финансирана од ЕУ и имплементирана преку Програмата за развој на Обидентите нации UNDP. Проектот е кофинансиран и од Општина Велес.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)