(видео) Производителите и велешки „Кристал 1923“ бараат да се намали ДДВ од 10% на сончогледот
Воведениот ДДВ од 10% на сончогледот се уште претставува проблем за земјоделците како и за велешки „Кристал 1923“, единствениот македонски производител на масло за јадење од сончоглед, ова денеска го изјави извршниот директор на компанијата Горанчо Лазов. Според него, овој проблем треба под итно да се реши и Владата да донесе нова одлука бидејќи ги оптоварува земјоделците и додава дека нивниот предлог е ДДВ да се зголеми на увоз на суровото масло.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, којшто денеска беше во посета на „Кристал 1923“ во Велес, смета дека е потребно да се врати данокот од 5%, и соопшти дека како министерство во Министерство за финансии веќе имале поднесено официјално барање за намалување на данокот уште кога се правела одлуката за измена на одредени даноци.
Производителот на сончоглед Миле Кебаковски од Прилеп, во името и на останатите пристуни земјоделци изјави дека се задоволни од мерката што добиле 5 денари за килограм предаден сончоглед кај регистрирани откупувачи, но смета дека со оваа мерка не се решени сите проблеми околу производството на сончоглед.
Земјоделците како и компанијата „Кристал 1923“ уште претходната година, во октомври месец реагираше за овој проблем.
Стефани Манева