Во Амфитеатар ќе се прикажува финалето на „Ѕвездите на Гранд“ во кое прв настапува Мики Секуловски, велешани ќе можат заеднички да го поддржуваат

Објавено на 3 јуни, 2024 во 13:21

Велешанецот Мики Секуловски кој во изминатите девет месеци целосно се вложуваше за настапите во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, оваа сабота, на 8 јуни, ќе настапува под реден број 1 на финалната вечер. Општина Велес објави дека велешани ќе можат заеднички да ја поддржуваат нашата музичка ѕвезда Мики во Амфитеатарот на Младински парк и заеднички да ја гледаат финалната вечер со почеток во 21:00 часот.

Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, денеска оставил и средба со Мики на којашто му изразил посебна благодарност што го промовира градот Велес на балканска сцена изминатиот период и му порачал дека Велес и велешани се горди на него.

Ајде сите заедно да дадеме неизмерна поддршка за победа на Мики на ова големо музичко талент шоу.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.