Во Чашка ќе се реконстуираат дневниот центар за стари лица и објект за социјално загрозени лица
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/02/чашка-1024x479.jpg)
Во просториите на Хабитат Македонија, вчера, е потпишан меморандум за соработка помеѓу Хабитат и Општина Чашка со цел да се означи почекоток на проектот со кој е предвидено да се реновираат два објекти за социјално загрозени семејства од општината. Овие два објекти се донација од Хабитат Македонија заедно со фондацијата „Saint-Gobain Initiatives“.
-Saint-Gobain како светски лидер во производството на лесни и одржливи градежни материјали, со оваа донација ќе го реконструира дневниот центар за стари лица во општина Чашка и ќе овозможи подобрување на условите за домување на 8 семејства со вкупно 20 членови. Со донацијата се опфатени два објекти со дневен центар за стари лица и со апартмани за домување на семејства кои ќе бидат комплетно реновирани со термо енергетска фасада, подови, хидроизолација на бањи и покрив, подни и ѕидни опшивки, олуци и нови прозорци и врати, соопшти градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/02/425781436_893244802807967_3274417413986892824_n.jpg)
Градоначалникот додаде дека како рурална локална средина, можат сами многу малку да придонесат за подобрувањето на условите за живот за оваа категорија на граѓани и секоја донација им е повеќе од добродојдена.
-Со реконструкција и подобра енергетска ефикасност на објектите, се создаваат похумани услови за живот за овие семејства, како и за пензионерите во нашата општина, и на тој начин помагаме на оние на кои најмногу им е потребна помош“ – додаде Стојановски.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/02/425350289_893244769474637_7176367549608978220_n.jpg)
Компанијата Saint-Gobain преку Фондацијата „Saint-Gobain Initiatives“ за реконструкција на два социјални објекти во општината донира 70.000€ . Донаторскиот проект ќе се реализира во соработка со Хабитат Македонија која ќе учествува со 17.000€, и во координација со општина Чашка која е и сопственик на двата објекти.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)