Во ЈЗУ Општа болница Велес хоспитализирани 11 ковид пациенти
Објавено на 13 април, 2022 во 13:11
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 11 ковид пациенти од кои еден пациент е потврден позитивен, тројца се сомнителни и седум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување
-Од болничките пациенти на Инфективно се лекуваат четворица и на Интерно Б одделение седум пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролката на велешка болница.
На кислородна поддршка се тројца пациенти.
Во изминатите 24 часа од болничко лекување испишани се двајца пациенти.
Стефани Манева