Во Росоман сообраќајна незгода помеѓу полициско возило и автомобил со велешки регистарски ознаки

Објавено на 9 август, 2021 во 11:21

На патниот правец Градско – Прилеп, на крстосницата од улица „Маршал Тито“ и „Пролетерска“ во село Росоман, вчера, се случила сообраќајна незгода. Во неа учествувале патничко возило „шкода јети“ во сопственост на ОВР Прилеп и патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки управувано од четириесет и пет годишниот Ц.Б.

-Во сообраќајната незгода со телесни повреди се здобиле двајцата полициски службеници од возилото „шкода јети“ и сопатникот во возилото „пасат“ И.К (54) од Виничани, соопшти Верољуб Додевски портпаролот на СВР Велес.

Незгодата била пријавена во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, на 8 август во 11:15 часот и на местото на незгодата увид извршила екипа од Сектор за внатрешни работи Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.