Во сообраќајка кај Демир Капија, синоќа, откриени мигранти додека возачот избегал
Полициски службеници се обиделе, синоќа околу 22:20 часот, кај Градско во павец кон Гевгелија, да запрат патничко возило марка „ауди”, со скопски регистарски ознаки, кое не застанало, туку ја зголемило брзината. Автомобилот удрило во службено возило кое се наоѓало кај надвозник Прждевски во близина на Демир Капија. По ударот возилото запрело додека возачот избегал.
-Во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Индија, кои се префрлени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија, рече портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
На местото на сообраќајната незгода извршен бил увид од увидна екипа на Полициска станица Неготино и на Јавен обвинител, по чии насоки возилото е обезбедено.
Според полицијата по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Убавка Јаневска