Во среда второ авионско прскање против комарци во Кавадарци

Општина Кавадарци ги известува граѓаните дека во среда, на 6 август, во периодот од 06:00 до 07:00 часот, ќе се спроведе второто авионско третирање против комарци за оваа година.
Со третирањето ќе биде опфатено подрачјето долж течението на реката Луда Мара, започнувајќи од селото Марена, низ целото градско подрачје, селото Ваташа, па сè до браната Моклиште.
Општината апелира до сите граѓани, а особено до пчеларите, во текот на третманот и најмалку 3 до 4 часа по неговото завршување, да ги затворат сандаците со пчели, со цел да се заштитат пчелните семејства од евентуално негативно дејство на средството што ќе се користи при прскањето.
Во случај на врнежливо време, авионското третирање ќе биде одложено за друг ден, за што јавноста ќе биде навремено информирана.
Третирањето ќе го изврши овластената фирма ДВТ „Аероклуб Скопје“ ДОО Чучер Сандево.
Дума.мк


