Во Велес, на „Водосвет Водици 2025“ најсреќен Игор Иванов (фото и видео)
Триесет и три годишниот Игор Иванов од населба Превалец го фати Светиот Крст во осветените води на река Вардар на Водосвет – Водици 2025 година. Тој е семеен човек, сопруг и татко на три деца. Иванов рече дека е верник, затоа 13 пати запливувал во Вардар и токму годинава, за кога имал претчуство, го фати Светиот Крст. Особено што на Божиќ станал татко, по трети пат, кога му се родила ќерката Кристина.
По осветувањето на водите на река Вардар, каде со Водосветот чиноначалствуваше Г.Г.Агатангел, Митрополит Повардарски и завршувањето на манифестацијата на фаќање на Светиот Крст во Епархија Повардарска се одржа соопштувањето на најсреќниот помеѓу 104 учесници меѓу кои и една девојка.
Манифестацијата ја следеа голем број на велешани од двете страни на брег на река Вардар, кај Мало Мовче, кои и на студеното време започнаа да доаѓаат еден час претходно, поточно уште пред 10:00 часот претпладнево на верскиот празник Војордан, Водици.
Убавка Јаневска