Во велешка болница хоспитализирани 10 ковид пациенти
Објавено на 11 август, 2022 во 12:18
Десет пациенти позитивни на коронавирусот се лекуваат во велешка болница. Сите се хоспитализирани на Инфективно одделение, што значи дека нема пациенти позитивни на вирусот на невропсихијатрија и Интерно одделение.
Од болничките пациенти осум се потврдени позитивни додека двајца пациенти се со негативен тест но се задржани на болничко лекување.
-На кислородна поддршка се пет ковид пациенти. Во моментов во ЈЗУ Општа болница Велес има слободни 16 болнички кревети, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.
Во изминатите 24 часа на болничко лекување примени се двајца пациенти.
Стефани Манева