Во велешка болница се лекуваат 12 ковид пациенти

Објавено на 11 април, 2022 во 13:04

Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 12 ковид пациенти од кои тројца се потврдени позитивни, двајца се сомнителни и седум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

-Од болничките пациенти на Интерно одделение се лекуваат пет и на Инфективно одделение седум пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.

На кислородна поддршка се четворица пациенти.

Во изминатите 24 часа нема ни примени ниту испишани пациенти од болничко лекување.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.