(фото) Во велешката библиотека се одржа натпревар по убаво пишување – краснопис
Четиринаесет ученици од општинските основни училишта денеска учествуваа на натпреварот по убаво пишување – краснопис, којшто се одржа во Медијатеката на велешката библиотека „Гоце Делчев“. Овој натпревар е дел од програмата за одбележување на 24 мај, денот на Сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, којшто Општина Велес традиционално го одбележува секоја година.
Жири комисијата до утре ќе треба да одлучи тројца ученици коишто ќе бидат наградени за прво, второ и трето место по убаво пишување – краснопис.
Наградените ученици ќе бидат прогласени утре, 23 мај, на свечената академија во често на Сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј којашто ќе се одржи во големата сала на општината.
Покрај нив наградени ќе бидат и учесниците на ораторскиот натпревар којшто ќе се одржи денеска во 13:00 часот во големата сала на локалната самоуправа. Исто така, прогласени ќе бидат и најдобрите ученици од основно и средно образование, најдобрите наставници по одделенска и по предметна настава од општинските основни училишта како и најдобриот наставник од средните училишта.
Стефани Манева