Волонтери на велешки Црвен Крст на граѓаните бесплатно им мереа крвен притисок и шеќер
Објавено на 15 ноември, 2022 во 12:12
Педесетина лица добиле бесплатен преглед за мерење на крвен притисок и ниво на шеќер во крвта, на денешниот настан во Здружението на пензионери, организиран од страна на велешки Црвен Крст.
– На бесплатните прегледи во Здружението на пензионери дојдоа 50-тина лица. Освен преглед тие добија и совети за своето здравје. Во реализација на активноста вклучени беа четворица волонтери од Општинската организација на Црвен крст, соопштија од велешки Црвен Крст.
Инаку, оваа активност се реализира под мотото „Сите сме нивни деца“ во рамки на неделата за грижа на стари лица но и како дел од одбележување на 14-ти ноември, Светскиот ден за борба против дијабетес.
Стефани Манева