Волонтерите на велешки Црвен крст ја започнаа летната програма за 2023 година

Објавено: 7 јули, 2023, во 10:38 часот

Волонтерите на клубот на млади при Црвен крст – Велес ја започна со спроведување на летната програма за 2023 година. Тие првиот состанок го посветија на тимот и преку најразлични игри научија што значи да се биде тим и зошто е битно секогаш да си помагаат меѓусебе.

-Тим билдинг активностите се дел од овогодинешната летна програма во која досега се вклучија 11 нови волонтери. На состанокот присуствуваа 21 волонтер, а истиот беше организиран и спроведен од лидерот и заменик лидерот на клубот на млади, велат од Црвен крст Велес.

Сите што се заинтересирани коишто сакаат да станат дел од тимот на волонтери може да се пријават на телефонскиот број +389 43 231 537 или на инстаграм профилот на организацијата @crvenkrstveles.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.