За подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Лозово инвестирани над 900 илјади евра преку проекти финансирани од американски фондови

Објавено на 21 февруари, 2025 во 12:44
Фото: Општина Лозово – архива на Дума.мк

Еден проект е во мирување додека во изминатите 3,5 години Општина Лозово со помош на финансиски средства на американските граѓани преку неколку фондови на САД реализираше вкупно 12 проекти во вкупен износ од 55 милиони 761 илјада и 746 денари или 906 илјади 695 евра.

„Со техничка поддршка на УСАИД, склучен Меморандум за соработка, започнат е проектот за користење на искуства за прибирање на даноци на имот, изработка на стратеги за Локален економски развој и  Урбана ревизија. Општината во моментов овие активности ги стави во мирување поради инструкции добиени од американскиот донар,“ одговори на прашањата на Дума.мк градоначалникот Бошко Цветковски.

Донациите коишто Општина Лозово ги обезбеди овозможија во изминатите 3,5 години да се постави тартан подлога на повеќенаменското спортско игралиште во населено место Дорфулија за што обезбеди финансиска поддршка во висина од 3 милиони 193 илјади и 800 денари и за поставување на тартан подлога на повеќенаменско спортско игралиште во населено место Лозово во вредност од 2 милиони 806 илјади и 499 денари.

Општината со поддршка на фондови на САД реконструираше 24 улици за што вкупно доби донација од 26 милиони 743 илјади 882 денари. Со финансиската поддршка реконструирани се 8 улици во населено место Дорфулија, 7 улици во село Каратманово, 1 улица во село Аџиматово и 8 улици во село Милино.

Исто така со поддршка на американските фондови во вредност од 1 милион 764 илјади 734 денари партерно уреден е центарот на село Каратманово , изградена е канализациона мрежа во село Ѓузумелци за што се обезбедени 8 милиони 792 илјади и 445 денари како и реконструирани се 600 метри од патот од село Ѓузумелци до село Кнежје во што се инвестирани 5 милиони 770 илјади и 800 денари.

Општина Лозово финансиски помошти обезбедила и за учеството во изградбата на стационар „Шепа“ во Кавадарци во износ од 30 илјади 753 денари како и за годишниот надомест за работа на овој стационар во вредност од 97 илади 918 денари.

И изградбата на примарна водоводна мрежа во село Каратманово којашто чинела 6 милиони 560 илјади денари 956 денари  е реализирана со финансии што преку фондовите се пари на американските граѓани.

Сите реализирани проекти придонеле за подигнување на квалитетот на живот на граѓаните во Општина Лозово.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.