Закажана последна седница на актуелниот состав на Совет на Општина Велес

Објавено на 15 октомври, 2025 во 13:47

Претседателот Даниел Јаневски за утре, четврток, 16 октомври, со почеток во 10:00 часот ја закажа 69 седница на Советот на Општина Велес. Седницата е последна на актуелниот состав на советот избран пред четири години.

Членовите на советот ќе расправаат по предложен од Јаневски Дневен ред на којшто се наоѓаат вкупно седум точки:

1. Предлог – одука за доделување на награда за настудент „Професор д-р Ѓорги Шоптрајанов” за 2025 година;

2. Предлог – одлука за доделување на награда за животно дело „Гемиции” за 2025 година;

3. Предлог – одлука за доделување на 9-то Ноемвриски признанија на Општина Велес за 2025 година;

4. Предлог – одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација со поединечна класа на намена ГЗ – Сервиси на ГП 18 и ГП 20 од ДУП: Детален урбанистички план за УЕ 2, УБ 12, КО Велес, Општина Велес донесен со Одлука бр. 07-7149/4 од 30.09.2014 година;

5. Предлог – одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за формиранье на градежни парцели со поединечна класа на намена А1.1 – станбени куки (слободностоечки) во општ акт за село Башино Село на КП 1124, дел од КП 1110/1, дел од КП 1110/3, дел од КП 1110/2 и дел од КП 1110/4, КО Башино Село, Општина Велес;

6. Извештај за работа на ЈКП „Дервен”, Велес за период од | -VI месец 2025 година;

7. Извештај – Елаборат за проценета штета од природна непогода – град и поплава на ден 04.08.2025 година на територијата на Општина Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.