(Обновено) Запалена кола во Велес, пожарникарите со брза интервенција
Територијалната противпожарна единица Велес вчера, 12 ноември, во 19:15 часот добила повик за запалено патничко моторно возило на улица „11 Октомври“ во Велес. Оттаму информираат дека на лице место четворица пожарникари со едно против пожарно возило интервенирале веднаш.
-Благодарение на навременото пријавување од страна на сопственикот и брзата интервенција на пожарникарите не е дозволено пожарот да се прошири во внатрешноста на возилото и да направи поголема штета, додадоа од ТППЕ Велес.
Се апелира до граѓаните доколку забележат пожар да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 112.
Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека случајот бил пријавен во полициска станица во 19:30 часот.
-Пријавено е дека на ул.„11-ти Октомври“ во Велес настанал пожар во патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Р.Д.(47) од Велес. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Увид на местото изврши екипа на СВР Велес, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Стефани Манева