Започна изградбата на спортскиот комплекс во Дворови
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/01/2.jpg)
Започна реконструкцијата на спортските терени во населба Дворови, информираат од Општина Велес. Поточно, со проектот предвидено е да се направи целосна промена на сегашното игралиште .
-Со проектот е предвидено да се постави еластична спортска подлога на двете игралишта, со што ќе се подобрат условите за спортување и рекреација. Ќе се реконструира и постоечката ограда околу игралиштата, а предвидена е обновување на патеката за трчање околу целото игралиште со завршен слој од гумен под. Проектот опфаќа реконструкција на уличното осветлување и поставување на рефлектори за осветлување на спортските терени. Жителите од овој дел на градот ќе добијат уреден простор со различни спортски содржини и можност за рекреација како и нова урбана опрема за деца, додаваат од Општина Велес.
Средствата за изградба на спортскиот комплекс се обезбедени во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион, преку кофинансирање на Општина Велес и Бирото за регионален развој.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)