Жител на Ваташа завршил во полициска станица Кавадарци, изминатава ноќ уништувал плакати на политичка партија во селото
Објавено: 18 октомври, 2025, во 12:05 часот
Триесет и три годишниот А.Ѓ од село Ваташа бил приведен од полициски службеници затоа што во 02:45 часот, затоа што, заедно со други лица, уништувал плакати на политичка партија во Кавадарци и кавадаречко.
„ А.Ѓ. задржан е во полициска станица на Одделение за внатрешни работи Кавадарци и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


