52 Меѓународен илинденски кајак слалом, викендов, на Матка

Објавено на 20 мај, 2021 во 15:32
Натпревар во кајак

На реката Треска во СРЦ „Матка“,викендов , сабота 22 и недела 23 мај ќе се одржи традиционалниот „ИКАС“ –  Илинденски кајак слалом 2021.

Покрај домашните ке настапат и кајакари од Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Хрватска и Турција.

Натпревар во кајак

Пријавени се околу 35 натпреварувачи.

Меѓу нив има и кајакари од Велес. Поточно на „ИКАС“  ќе настапат кајакарите на КК „Вардар“ Ангел Петрушев и Стефан Рибарски.

Исто така, дознаваме дека од останатите велешки клубови кајакари на КК „Арка“ Велес  викендов гостуваат на натпревар во соседна Србија. Исто така, кајакарите на КК „Бабуна“ и КК „Гемиџии“ нема  учествуваат и на тој начин го искажуваат сопствениот револт за некои состојби во Федерацијата на кајакари на Македонија.

Лазар Лазаревски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.