Атлетичарот Роберто Димитриевски прв на Деветоноемвриска трка на 5 километри во Велес, организаторот не ги покани медиумите
По втор пат стигна прв на целта атлетичарот Роберто Димитриевски на атлетската трка на 5 км посветена на 9 Ноември – Ден на градот Велес. Атлетичарот на Атлетски клуб „Велес“ пресреќен е што вакви резултати постигнува во родниот град и на трка посветена на ослободувањето на Велес
-Среќен сум што вторпат победувам на оваа за мене значајна трка.Таа трка е на мојот град каде сум роден и живеам со моето семејство организирана во чест на празникот 9 ти Ноември и посветена на ослободителите на Велес. Затоа оваа моја победа ја посветувам на сите борци-партизани кои учествувале во ослободувањето на мојот град Велес, на 9 ноември 1944 година, за ние да живееме во слобода, како Македонци. Трката ја посветувам и на мојот прадедо Димче Костовски исто така еден од македонските борци-партизани и ослободители на Велес,“ рече Димитриевски.
Градски стадион и Градски парк во Велес се омилените места на кои Димитриевски тренира. Тој секојдневно тренира во паркот, трча на бетонската патека бидејќи тартанот на стадионот не е во функција. Димитриевски во кондиционите тренинзи ги користи и справите на отворената вежбална коишто ги посатави Агенцијата за млади и спорт.
Меѓу неговите пораки една и најприоритетна е токму ставањето во функција на руинирана атлетска тартан патека на Градски фудбалски стадион „Зоран Паунов“ во Велес.
Организаторот на атлетската трка, АК„Велес“, не ги покани медиумите туку си објави фотографии на Фејсбук за нејзиното одржување.
Убавка Јаневска