„Борец Баскет“ го победи „Шкупи“

Објавено на 28 април, 2022 во 20:45

Во првиот четвртфинален натпревар од разигрувањето за пласман во првата кошаркарска лига кошаркарите на „Борец Баскет“ ја декласираа екипата на „Шкупи“. Во првото полувреме скопјани пружија посериозен отпор и на одмор се отиде со 12 коша предност за домашните 51:39. Третата четвртина беше кобна за гостите кои дадоа 6 а примија 25 коша. Последниот дел  беше формалност. Конечниот резултат на натпреварот е  97:61.

Високата предност ги депримираше кошаркарите на Шкупи, а на домашните играчи се им поаѓаше од рака. Во текот на целата средба одиграа одлична одбрана, нападот функционираше беспрекорно, пред се ударот за три поени. Подобри од останатите беа Златев, Брчков, Митрев и Карталовиќ.

Брчков настапи болен, Виларов повреден што и дава поголема тежина на победата.

Вредно е да се напомене дека и на оваа средба тренерот Љутков им даде шанса на сите играчи од клупата.

Вториот натпревар меѓу овие противници ќе се игра во сабота во Скопје. Ако дојде до трет решавачки ќе се игра во Велес. Ако поминат велешани во полуфиналето би се сретнале со подобриот од дуелот помеѓу „Соколи“ од Штип и „Струмица“. Штипјани поведоа со 1:0 по првиот натпревар кој беше израмнет и неизвесен.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.