Четири велосипедисти на „МВК Велес“ во состав на државните селекции
Објавено на 17 март, 2022 во 12:20

Во Аланија, Турција, на дванаесет дневни подготовки се најдобрите велосипедисти на Македонија. Во составот на сениорската репрезентација се членовите на „Мвк Велес“, браќата Кристијан и Виктор Ванчевски и Тео Врондалиев. Дарко Димовски е во составот на јуниорската репрезентација.

За време на престојот во Турција ги очекуваат и по две друмски трки во обете конкуренции. Истите се во календарот на светската велосипедска федерација – УЦИ. Конкуренцијата ќе биде многу силна бидејќи во моментов во Аланија на подготовки се повеќе репрезентации и професионални тимови.

Што се однесува до отварањето на велосипедската сезона кај нас, за на трети април, не очекува интересна трка „Трофеот на Велес“.
Лазар Лазаровски
