Доминација на велосипедистот на “МВК Велес” Ванчевски на државното првенство
Објавено на 5 октомври, 2021 во 15:17
Велосипедскиот клуб „Пелистер” од Битола беше домаќин на државното ридско првенство во велосипедизам. Настапија најдобрите натпреварувачи од земјава а најуспешен на патеката од Битола до Ниже поле беше велешанецот Кристијан Ванчевски. Тој победи во категоријата сениори “Елит” и во категоријата у-23.
Уште еден член на “МВК Велес” стана државен првак. Во категоријата У-13 најдобар беше Александар Ристовски.
Наредниот викенд, во Сараево, во Босна и Херцеговина ќе се одржи балканското првенство а за државната селекција на Македонија ќе настапат Кристијан и Виктор Ванчевски, Тео Вронделиев и Дарко Димовски од “МВК Велес”.
Лазар Лазаровски